На 10-ти и 11-ти декември во Тирана, Албанија, ќе се одржи деветтиот работен состанок на Дрим Кор Групата на кој ќе треба да се разгледаат досегашните активности, но и да се донесат одлуки за наредниот период од кои се очекува конечно решавање на еколошките проблеми на ова подрачје. На состанокот учествуваат претставници од сите пет засегнати држави, меѓу кои и од Македонија.
На состанокот се очекува да се презентира и одобри финалната стратешка рамка на големиот ГЕФ проект за заедничко управување со Дримскиот басен, кој беше одобрен од Советот на Глобалниот еколошки фонд, и чија реализација е планирана за првиот квартал од 2014 година. Исто така, треба да се презентираат извештаите за актуелните проекти за биодиверзитет и за биосферен резерват, кои се одвиваат во рамките на Дримскиот басен.
Извор: Супер радио