Насловна / Архитектура / Работа од дома, „антивирусни“ згради и заштеди за компаниите

Работа од дома, „антивирусни“ згради и заштеди за компаниите

Работата од дома за време на пандемијата некои ги воодушеви, додека на други им се смачи. Работодавачите сфатија дека можат да заштедат многу со намалување на канцеларискиот простор, и тоа веќе многумина и го прават. А се градат и деловни „антивирусни“ згради, пренесува Дојче веле.

1_resize

Пандемијата покажа дека кај канцелариска работа генерално е можно да се работи од дома, а некои тоа толку ги воодушеви што прогласија дека одењето на работа е застарен модел. Но, тоа беше преурането.

„Потребни ни се канцеларии како еден вид модерен оган околу кој треба да се собереме – за лични контакти, совети за кариерата и размена на информации“, вели Кава Јуноси, менаџер за човечки ресурси во големата германска софтверска компанија SAP.

Иако стапката на вакцинација напредува, а заклучувањето е минато, ништо не е исто како пред пандемијата. Компаниите масовно го усвојуваат хибридниот модел, каде неколку дена се работи во канцеларија, а неколку од дома.

8_resize

Седни каде што ќе најдеш место

Канцеларијата на иднината може да се види во облакодерот на DZ Bank во Франкфурт, на 28. кат. Тука,  веќе нема секој свое место – работната маса се бара секој пат кога ќе дојдете на работа. Банката ова го нарекува концепт „чисто биро“ (clean desk).

„Вработените кои ќе дојдат можат да се логираат на било кое работно место и веднаш се подготвени за работа“, велат во банката.

10_resize

Работните места сега се прилагодени на видео конференции. Подвижна камера и плафонски микрофони ја олеснуваат комуникацијата со колегите кои седат подалеку во канцеларијата или дома.

Туристичката компанија TUI прави нешто слично, користејќи заеднички работни маси. Овој огромен туроператор од Хановер за 3.000 вработени во централата обезбеди само 1.700 работни места, пресметувајќи дека секој ден многумина ќе работат од дома.

2_resize

И не само од дома. Таканаречената home office подразбира дека работодавачот на вработените ќе им обезбеди работна маса, стол, компјутер, телефон и се останато за да работи од дома, многу работодавачи прибегнуваат кон концептот на „мобилна работа“. Тоа подразбира да не се контролира од каде работат вработените, но и да мора да ги користат своите сопствените ресурси.

Предноста на тоа е што навистина не мора да бидете дома, туку можете, да речеме, и на море. Така TUI наведува дека секој има право да работи најмалку 30 дена во годината од каде што сака. Шефот на компанијата, Фриц Јусен, зборува за „културата на доверба“, која е поважна од физичкото присуство на работното место.

11_resize

Заштеди на изнајмување

Но, алтруизмот обично не е првиот мотив на големите фирми. Како што пресмета списанието „Шпигел“ во една претходната анализа, во големите градови, квадратен канцелариски простор просечно чини 20 до 25 евра месечно, а на секој вработен (вклучувајќи ходници, тоалети и заеднички простории) отпаѓаат и по дваесет квадратни метри.

6_resize

Намалувањето на канцеларискиот простор и испраќањето луѓе на „мобилна работа“ е погодна можност многу да се заштеди. Според консултантската компанија PwC, дури 60 отсто од германските компании, планираат да го намалат просторот – во просек за една петтина. Оние кои се сопственици на своите згради можат да изнајмат дел од канцелариите на некој друг.

T-Systems, една од подружниците на Телеком, исто така се потпира на таканареченото desk sharing. Речиси секоја четврта зграда на оваа компанија во Германија е затворена.

12_resize

Сето ова нема да воодушеви многу вработени кои се навикнати да го имаат своето постојано место, документи, други потреби – и секогаш истите колеги – на дофат на рака. Но, Штефан Лајмбах, кој ги советува компаниите во купувањето деловен простор, ладно вели дека канцеларијата со слики на сопружници и деца на масата е мртва. „Матичната канцеларија е економична само ако се делат работни места“, изјави.

9_resize

Оправданоста за овој чекор ја гледа и Кава Јуноси од SAP. „Класичните индивидуални канцеларии ќе бидат исклучок“, наведува таа. Како што тврди, во моментов 90 отсто од вработените во софтверскиот гигант работат од дома, а 86 отсто изјавиле дека сакаат хибриден модел на работа и во иднина.

Антивирусна зграда

Како да се оправдаат големите канцеларии каде што луѓето постојано се менуваат во услови на пандемија? Оние што го поддржуваат концептот велат дека постојат начини, како што е поголемо растојание помеѓу масите.

Или дури и изградба на „антивирусни“ згради, како што е проектот GreenGate, објект што се гради спроти седиштето на Дојче Веле во Бон. Се нарекува „првата канцелариска зграда во светот која е заштитена од вируси“. Други би рекле дека е во прашање чиста филмска дистопија.

4_resize

Камерите на влезот ќе проверуваат дали некој има температура – ако има, вратата ќе остане заклучена. Кваките и тастерите во лифтот се обложени со антимикробни материјали. Во тоалетот, се функционира на сензорот, без допирање. Но, како што пишува Зидојче цајтунг, срцето на оваа зграда е напреден систем за прочистување и јонизација на воздухот.

5_resize

Инвеститор е Марк-Хенрик Азбек, снаодлив бизнисмен, кој отсекогаш имал идеи еден чекор пред сите. На пример, за време на војната во Босна, тој изнајмувал блиндирани возила на западните новинари.

3_resize

Идејата за „антивирусна“ зграда настана пред корона – поради грипот. Објектот од осум ката ќе чини околу сто милиони евра, а просторот за изнајмување 30 евра по квадратен метар. Скапо? „Кога безброј вработени отсуствуваат поради бранот на грип, тогаш тоа е уште поскапо за работодавачите“, вели Азбек.

Испрати коментар

Scroll To Top