Бидејќи во новото седиште на “Facebook” вработените доаѓаат од различни локации на Пало Алто и многумина воопшто не се познаваат, компанијата сакала да ја задржи поделбата на идентитетот на секоја група. Дизајнот презема инспирации од шареноликата природа на вработените и корисниците, здружувајќи ги навидум различните елементи за формирање на кохерентен модел, користејќ и ја бојата и просторот во ентериерот да создаде блискост во планот на отворениот простор.
Оформено во Сан Франциско за време на дотком бумот на почетокот на 90-тите од страна на архитектите Орпила Примо и Александар Верда, студиото О+А беше едно од првите кои започнаа со софистициран “SOMA” дизајн во Силиконската долина. Растечки менталитет сe уште е клучна карактеристика на ова студио кое пружа голем број на услуги на големи американски корпорации, како што се: eBay, Levi Strauss, Williams Sonoma и други. На почетокот од оваа година студиото од страна на International Interior Design Association (IIDA) добива награда за преуредувањето на W’s Salon во Сан Хозе, Калифорнија.
Повеќе во број 117, сабота 31.10.2009 г.