Се работи за ликовна интервенција со десет широки панорами од македонски
градови, мозаично дополнети со теми од македонска архитектура и уметност,
природни предели, маркантни орнаменти и реквизити од македонски обичаи.
Како резултат на успешна
соработка помеѓу студентите
од Факултетот за архитектура и
дизајн при Универзитетот „Американ
колеџ“ од Скопје и студентите
од Факултетот за архитектура
при Универзитетот „Гази“ од
Анкара, (кои работеа на проекти
за ревитализација на туризмот во
Кападокија и за кои пишувавме во
„Порта3“ бр.160), факултетската
политика на реално соочување
со проектни задачи доведе до
остварување на нова соработка.
Новиот проект беше инициран од
МНР и амбасадата на Р. Македонија
во Турција. Станува збор за парк кој
Турција ѝ го додели на Македонија,
а се наоѓа во една од централните
општини на Анкара, и го носи
името ,,Република Македонија’’. На
предлог на амбасадорот, нашиот
факултет формираше работен тим
за реализација на проектот. Под
раководство на проф. Кокан Грчев и
проф. Тони Васиќ беше формирана
група од 9 студенти од сите студиски
групи, и тоа: Олгица Стефанова,
Благоја Делев, Ана Куновска, Живко
Иванов, Игор Николовски, Стефан
Филков, Марија Димитриевска,
Ивана Дамевска и Тијана Каевска.
Тие имаа задача да изготват проект
кој вклучува партерно решение,
дизајн на детали од урбана
опрема, хортикултурно решение и
ликовна интервенција, после кое се
очекуваше истиот да се реализира.
Тимот и проектната програма беа
формирани, и работата започна и
се одвиваше со интензивно темпо,
вклучувајќи ги и летните месеци.
Водејќи се според проектната
програма која вклучуваше повеќе
елементи, првичните идеи
ги формиравме во насока да
создадеме атмосфера во паркот,
која ќе ги задржува посетителите
на ова место, и ќе нуди можности и
медиуми кои даваат информации за
карактеристиките на природното и
културното богатство на Република
Македонија, нагласувајќи ги
вистинските културни вредности.
ИСПРЕПЛЕТЕНИ МОТИВИ
Главниот фокус на проектната
задача и предвидената проектна
програма беше ликовната
интервенција, која им овозможи
на студентите целосна слобода
во изразот и најголема можност
за нагласување на темата на
паркот со испреплетени мотиви
од карактеристични подрачја
интерполирани во единствена
композиција, и раскажувајќи
единствена приказна. Оваа
интервенција беше реализирана
со десет широки панорами од
македонски градови, мозаично
дополнети со теми од македонска
архитектура и уметност, природни
предели, маркантни орнаменти
и реквизити од македонски
обичаи. Се работеше во различни
техники, но заради трајноста на
боите и материјалите, цртежите
беа скенирани, печатени и
монтирани во соодветна форма,
која овозможува долготрајност
и мултифункционалност. Ова
остварување беше предвидено да се
аплицира на соодветни штафелаи
разместени во просторот на паркот,
дефинирајќи ја амфитеатралната
структура на просторот, и
овозможувајќи негова употреба
за различни намени. На челната
репрезентативна sидна површина
на паркот е аплицирана мозаична
композиција приспособена кон
постојната конфигурација на
парковската sидана ограда и
идните контексти на настани и
можни случувања во паркот.
МУЛТИФУНКЦИОНАЛНОСТ
Во однос на дизајнот на урбаната
опрема сакавме да дефинираме
мултифункционално културно катче
кое ќе нуди можност за различни
манифестации и обраќања. Простор
со современ дух и модерни елементи на урбана опрема, што дозволуваат
и овозможуваат варијабилност
во изгледот и доживувањето на
овој простор. Во таа смисла,
беа замислени и предвидени
варијабилни, мултифункционални
пластични модули (единици) кои се
интегрираат во единствена целина
со амфитеатрална структура и
форма, а истовремено дозволуваат
и нивно слободно разместување низ
парковскиот простор, во зависност
од секојдневните потреби. Беше
предвиден и изведбен и детален
дизајн за сите останати единечни
елементи од урбана опрема, како
осветлување на насликаните
паноа, корпи за отпадоци и
уредување на целата партерна
површина. Сето тоа создава
модерна сценографија и простор
за широка употреба и различна
намена, преку што се отелотворува
и првичната студентска замисла
за карактерот на овој простор.
Проектот за хортикултурно
уредување кореспондираше со
останатите елементи од проектната
програма. Слободната зелена
површина дозволува слободно
разместување на елементите
од урбаната опрема во облик
на слободни единици, а во исто
време и суптилно ја нагласува
отсликаната површина со својот
мирен контраст на единствена
нијанса. Патеките обрабени со
растенија во интензивна боја,
јасно ги дефинираат парковските
насоки, а останатиот широк спектар
на карактеристични растенија
приспособени на парковската
конфигурација создава игра
на сенки и бои и дава посебна
динамика на просторот. Знамето
на Република Македонија
доби своја тридимензионална
претстава во централниот дел на
паркот, изведено од две нијанси
на зелена боја кои суптилно го
прикажуваат македонското сонце.
Реализацијата на проектот
и неговата апликација беше
изведена во завршната фаза, кога
дел од студентите и одговорните
професори кон крајот на август
пристигнаа на парковската локација
во Анкара. Во срдечна и пријателска
атмосфера, во каква што и течеше
досегашната соработка со
Универзитетот „Гази“ и ФАД, и нивна
сесрдна помош и асистенција, беа
поставени сите дотогаш дефинирани
и изведени елементи од паркот.
Свеченото отворање на паркот
требаше да се случи на 8 Септември
на денот од прославувањето
20 години на независност на Р.
Македонија, но се случи малку
подоцна, околу 20 септември, кога
во рамките на одбележувањето беше
пуштен во употреба. Ова е првпат
во Турција да се уредува парк кој
го носи името на нашата држава,
и затоа е од особено значење.
Вистинското значење на
овој проект произлегува од
континуираната меѓународна
соработка и можноста за реално
соочување со проектната задача.
Студентите од архитектура од двата
универзитета, УАКС и Гази, имаат
можност да го следат континуитетот
на заедничкото работење и
пријателство, и со тоа да го помагаат
и надградуваат образовниот процес.
Активниот контакт и заедничкиот
тек на работата, како и можноста да
се работи на идентични проектни
програми и задачи, формираат
трајна соработка која резултира со
можност за компарација со еден од
најуспешните државни универзитети
од Анкара. Овој активен процес
на меѓународна соработка ќе
биде отелотворен во заедничка
изложба, но за тоа во некој од
наредните броеви на „Порта 3“.
Марија ДИМИTРИEВСКА,
студент на III година на
Факултетот за архитектура
и дизајн при Универзитетот