Насловна / Вести / PVC прозорци со подобрена топлинска изолација

PVC прозорци со подобрена топлинска изолација

Во потрага по решенија кои ќе ги унапредат термоизолационите својства на PVC прозорците, истражувачите од Skoltech, се посветиле на проучувањето на алтернативните материјали кои би можеле да ги заменат металните конструкции кои во моментот се користат за стабилност на ваквите прозорски рамки. Металот, иако ја обезбедува потребната механичка стабилност, има висока топлинска проводливост, со што се влошува вкупната енергетска ефикасност на прозорецот.

pvc1

Во трудот кој е објавен во часописот Materials & Design, тимот го истражувал производството на термопластичните композитни профили, однодно правоаголните цевки направени од пластика зајакната со стаклени влакна, користејќи ја техниката на пултрузија.  Истражувањето довело до низа откритија поврзани со производниот процес, овозможувајќи им на производителите да избегнат прекумерна потрошувачка на енергија и дефекти на готовиот производ. За разлика од термореактивните полимери, термопластичните полимери како што е полипропиленот кој се користи во ова истражување, можат повторно да се топат и консолидираат, што има низа предности. Овие материјали можат да се заваруваат, рециклираат, а нивното производство не ослободува штетни испарливи органски материи во околината. Експериментите опфатиле пултрузија на композитни профили од стаклени влакна зајакнати со полипропилен, при што истражувачите користеле термопар за мерење на температурата во различни точки на пресекот на профилот во текот на процесите на загревање и ладење. Врз основа на овие податоци, тимот креирал геометриски модел и ја пресметал дистрибуцијата на температурите низ попречниот пресек.

pvc2

По низата спроведени експерименти, моделирања и механички испитувања на рамните профили, произведена е квадратна шуплива цевка заради потврдување на применливоста во PVC прозорските рамки.  Во иднина, истражувачкиот тим планира да истражи и други материјали, вклучувајќи и јаглеродни влакна, како и полиамидни матрици, со цел да се подобрат својствата на овие профили во градежните апликации.

pvc3

Испрати коментар

Scroll To Top