Во прашање е дело на американскиот архитект Еди Џонс, односно пространа модерна резиденција позната како Scorpion House, која се најде во продажба по цена од 5,5 милиони долари.
Оваа вила се наоѓа во Аризона и е изградена во 2001 година, на еден хектар приватно земјиште, во ексклузивна Estancia станбена средина. Во неколку наврати била наградувана поради својот дизајн, и често се наоѓала на насловните страници на многу познати списанија кои се занимаваат со архитектура и дизајн.
Нејзиниот архитект и компанијата Construction Zone прекрасно ги споиле бетонот, стаклото и панелите од титаниум, во еден волуминозен план кој има органска форма, и совршено се вклопува во својата пустинска средина.
„Контурите, околината и погледот, го обликувале нејзиниот изглед, во кој јасните и заоблени линии се преплетуваат, а титанијумските панели ја штитат од сите можни влијанија. Вилата со форма на скорпија, е вистинска оаза во пустината, отпорна на сите влијанија” изјавил Еди Џонс кога го опишувал овој дизајн.
Вилата има околу 700 м2 простор, четири спални соби и пет бањи. Меѓу своите луксузни добра се издвојува лифтот, неколку камини, преубав базен, покриен двор и одвоена вила за гости. Целокупниот изглед на вилата е многу модерен и современ, па затоа и се нарекува пустинско ремек-дело.