Во употреба се пуштени локалните патишта за битолските села Буково и Крстоар. Во Буково, едно од најголемите битолски села, должината на асфалтираниот пат е 1. 100 метри во вредност од 3, 6 милиони денари.
Во Крстор, село кое речиси беше отсечено од регионалниот пат, новоасфалтираниот локален пат е долг околу 800 метри, а инвестицијата изнесува 3, 8 милиони денари.
И двата проекти се реализирани со средства од Европската банка за обнова и развој. Во рамките на проектот за реконструкција и за рехабилитација на патот Буково – Горно Орехово, асфалтиран е и крак во селото Буково.