Насловна / Вести / Пуштена во употреба реконструираната филтер станица во Штип

Пуштена во употреба реконструираната филтер станица во Штип

stip_2

Во Штип пуштена e во употреба филтер станицата, која мораше да помине фаза на преадаптација за да прифаќа и површински води.
Заменик министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Ване Костадиновски, државниот секретар во Секретаријатот за европски прашања Јован Андоновски, градоначалникот на Општина Штип Илчо Захариев и амбасадорот на Република Словенија во Република Македонија, Бранко Раковец, свечено во употреба го пуштија реконструираниот дел од Филтер станицата, која треба да ја прима водата од Хидросистемот „Злетовица“.
Реконструираниот дел од Филтер станицата се реализираше со кредит од јапонска „Џајка“, а новата современа опрема, која чини околу 300 илјади евра е донација од Владата на Словенија. Штипското комунално претпријатие „Исар“ месечно ќе добива околу 500. 000 м/3 по цена од четири денари.
Заменик министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Костадиновски истакнал дека со приклучувањето на штипската Филтер станица на Хидросистемот „Злетовица“ се решава проблемот со водоснабдувањето на градот Штип, а исто така се дава и можност за негов развој.stip_1
Градоначалникот Захариев потенцирал дека деновиве низ водоводната мрежа ќе потече и водата, која ќе се добива преку цевководот од Хидросистемот Злетовица.
– Деновиве ќе почнеме да ја користиме водата од ХС „Злетовица“ и сите испитувања покажаа одлични параметри, микробилошка исправност, физичко-хемиски параметри. Така да ЈП „Исар“ е спремен со сите сегменти и благодарени на одличната изведба на фирмите „Пелагонија“ и „Искра“ се монтираше една современа опрема преку која ќе се добива квалитетна вода од ХС „Злетовица“, вели Захариев.
Директорот на ХС„ Злетовица“, Тодорче Николовски истакнал дека Штип е најголемиот корисник на вода за пиење од браната Кнежево, а очекува во текот на наредниот период да се приклучат и општините Карбинци, Лозово и Кратово.

 

Испрати коментар

Scroll To Top