Насловна / Вести / Пуштена во употреба најголемата соларна централа во Србија

Пуштена во употреба најголемата соларна централа во Србија

Најголемата соларна централа во Србија, со моќност од 9,9 мегавати, која годишно ќе произведува 15.000 мегават-часови електрична енергија, што е доволно за околу 2.100 домаќинства, пуштена е во употреба.

Електраната „ДеЛсол“ изградена од компанијата „Мт-Комекс“ се наоѓа во општината Лапово и се простира на 12,5 хектари, а за нејзината изградба се користени бифацијални соларни панели кои имаат можност да произведуваат електрична енергија од двете страни на панелот, поради што произведува поголема количина струја, соопшти Министерството за рударство и енергетика на Србија.

e3

Приватната инвестиција на компанијата „МТ-Комекс“ вредна 8,9 милиони евра релизирана е за помалку од три години.

Директорот и сопственик на компанијата „МК-Комекс“, вели дека се надева дека на овој начин ќе и помогне на државата заеднички да ја исполнат зацртаната цел до 2040 година 40 отсто енергија да се добива од обновливи извори.

e2

Министерката за рударство и енергетика додаде дека измените на Законот за користење на ОИЕ, кога ќе бидат усвоени во парламентот, ќе овозможат спроведување на аукции за пазарни премии за производителите на енергија од обновливи извори, со што ќе се отвори пат да се зголемат капацитетите од солар и ветер околу три пати во следните неколку години.

Испрати коментар

Scroll To Top