Во градот Орск во Русија започна со работа најголемата соларна електрана во оваа земја со инсталиран капацитет од 25 MW. Во фотоволтаичната соларна електрана на површина од 100 хектари вложени се околу 42 милиони долари, а изградбата започнала во летото 2014 година.
Извесни се планови и за проширување на нејзиниот капацитет на 40 MW. Орск се наоѓа на реката Урал во областа Оренбург во близина на границата со Казахстан. Гувернерот на Оренбург на церемонијата на свеченото отворање рекол дека во оваа област ќе бидат отворени 10 соларни електрани со вкупен инсталиран капацитет од 95 MW.