Насловна / Арт и дизајн / Пуштена во продажба масата од уметничката инсталација на Марина Абрамовиќ

Пуштена во продажба масата од уметничката инсталација на Марина Абрамовиќ

Daniel-Libeskind-table-for-Marina-Abramovic-for-Moroso-1-726x400
Компанијата „Моросо“ ја пушти во продажба лимитираната серија на маси со столици кои ги дизајнираше архитектот Даниел Либескинд за уметничката инсталација на Марина Абрамовиќ.

Daniel-Libeskind-table-for-Marina-Abramovic-for-Moroso-2-630x450

Инсталацијата на Марина Абрамовиќ се состои од интерактивен концепт со публиката во која љубопитните набљудувачи на изложбата ќе имаат можност да седнат на столот и на масата да ги пребројуваат зрната ориз минимум шест часа. За таа прилика Даниел Либескинд дизајнира столица и маса изработени од дрво.

Daniel-Libeskind-table-for-Marina-Abramovic-for-Moroso-3-630x450
Италијанскиот бренд „Моросо“, пушти во продажба 20 такви парчиња кои се направени од лесен бетон. Дизајнот на познатиот архитект Даниел Либескинд е мошне интересен поради фактот што масата и столицата се всушност еден  елемент. Површината на масата е накривена кон личноста која седи и се завршува со истакнат раб кој спречува зрната ориз да испаднат од масата.

Daniel-Libeskind-table-for-Marina-Abramovic-for-Moroso-4-630x450

Уметницата Марина Абрамовиќ постојано соработува со брендот „Моросо“. Лимитираната едиција на овој елемент ќе биде продадена на аукција.

Daniel-Libeskind-table-for-Marina-Abramovic-for-Moroso-5-630x450

Испрати коментар

Scroll To Top