Насловна / Вести / Пуштена во погон втората по големина ветерна централа во светот

Пуштена во погон втората по големина ветерна централа во светот

veterni elektrani_2

Втората по големина ветерна фарма во светот Gwynt y Môr, оддалечена осум милји од Ливерпулскиот залив и со инсталирана моќност од 576 MW, е пуштена во погон. Централата ќе произведува енергија која на годишно ниво ќе може да ги задоволи потребите на 40.000 домаќинства. veterni elektrani_1

Ветерните турбини се високи 150 метри над морската површина со инсталирана моќност од по 3,6 MW, а некои имаат тежина и од 700 тони. Инсталирани се на длабочина до 28 метри. Инвестицијата вреди две милијарди фунти, а партнери во проектот се: RWE (86%), минхенското електростопанство Stadtwerke Munchen (30%) и Siemens (10%). Со оваа инвестиција енергетскиот гигант RWE сега се вбројува меѓу „топ 3“ европски off-shore сопственици на ветерни централи.veterni elektrani_3 veterni elektrani_4

 

 

 

 

Испрати коментар

Scroll To Top