Компанијата Sonnquest во соработка со австриската компанија за енергија Wien Energie на крајот на август ја пушти во погон најголемата соларна електрична централа во Австрија. Централата се наоѓа во индустрискиот град Guntramsdorf недалеку од Виена. Инсталираната моќност изнесува 2MW, обезбедени од 8.136 фотоволтаични панели. Компанијата Wien Energie планира до 2030 година да генерира 50% од енергијата од обновливи извори.