Отворен е централниот плоштад „Македонија“, а пуштена е во употреба и новата фонтана. За реализација на проектот беа потрошени околу 150 милиони денари од кои една третина вложи Градот, а останатите Владата.
Фонтаната е со правоаголна форма и димензии 20 на 10 метри и има 128 прскалки. Нејзината површина е изработена од гранитни плочи со димензии 60 на 60 сантиметри со дебелина од 10 сантиметри. Површината на фонтаната има и лед светилки. Прскалките летово ќе го освежуваат новиот амбиентален простор на градскиот плоштад.