Довршено е пуштањето во погон на првата хрватска геотермална централа и воедно најголемата електрана со органски Ранкинов циклус (ORC) во Европската Унија. Се работи за GTE Velika Ciglena, со електрична моќност од 17,5 MW. Постројката се наоѓа во близина на Бјеловар и го искористува геотермалниот потенцијал на бјеловарската депресија кој е откриен во 1980 година, при истражување на потенцијални наоѓалишта на нафта за потребите на INA. Инвеститор во проектот е конзорциумот на хрватската компанија Geoen и турската компанија MB Holding, а постројките искористуваат врела вода преку споменатиот Ранкинов циклус со температури од 170 °C. Произведената електрична енергија се испорачува во јавната мрежа, а постројката има статус на повластен производител.