Насловна / Вести / Пуштена е во погон најголемата соларна интегрирана електрана за сопствени потреби во Хрватска

Пуштена е во погон најголемата соларна интегрирана електрана за сопствени потреби во Хрватска

Интегрираната соларна електрана претставува инвестиција вредна 1,3 милиони фунти, која во еден дел е финансирана со субвенции од Европската Унија. Поставени се вкупно  5.543 фотоволтаични панели на покривите од фабриката Genera во Загреб. Се очекува соларната електрана со капацитет од 1,5 MW, да произведува околу 1.545.000 kWh електрична енергија годишно и да покрива околу една третина од потребите на хрватската фармацевтска фабрика која е во сопственост на компанијата Dechra. Електраната е официјално најголема интегрирана соларна електрана за сопствена потрошувачка во Хрватска. Целиот вишок на генерирана електрична енергија ќе се испорачува на мрежа. Оваа соларна електрана и овозможува на компанијата да го намали ризикот поврзан со снабдувањето на електрична енергија од мрежа. Се очекува да се намали јаглеродниот отпечаток на загребската фабрика за околу 360 тони.

genera1

genera3

Испрати коментар

Scroll To Top