Насловна / Вести / Пуштен за сообраќај автопатот Rrugа e Arbërit, кој ги поврзува Македонија и Албанија кај Дебар

Пуштен за сообраќај автопатот Rrugа e Arbërit, кој ги поврзува Македонија и Албанија кај Дебар

Автопатот Rrugа e Arbërit, во должина од 75km, кој ги поврзува Македонија и Албанија, односно Тирана и Дебар, неодамна се пушти во сообраќај. Премиерот Еди Рама, придружуван од министри беше пречекан од голем број жители од околијата Пешкопеја, но и од Дебар, која е соседна општина. На овој чин присуствуваше и делегација на општина Дебар, предводена од градоначаланикот Хекуран Дука. По автопатот, чија целосна изградба треба да заврши на пролет до година, ќе се минува преку обиколница кај местото Муриз, поради изградба на тунел. Во престојниот зимски период кога ќе има големи снежни врнежи ќе биде забранет за сообраќај, вели министерката за инфраструктура и енергетика Белинда Балуку. Со овој автопат, значително се скратува и времето на патување помеѓу Тирана и Скопје, во споредба со досегашната рута.

rruga1

rruga2

rruga3

rruga4

 

Испрати коментар

Scroll To Top