Денес официјално беше пуштен во употреба вториот дел од пробиениот булевар „Партизански одреди“. Со овој проект се продолжи пробивањето на булеварот од новиот кружен тек кај Порта влае, па се до кружниот тек кај црквата „Св Петар и Павле“ во Ѓорче Петров.
Извршена е реконструкција и проширување на постојниот коловоз во должина од 500 метри со што се доби современ и модерен булевар со шест сообраќајни ленти, по три во двете насоки, со вкупна ширина на коловозот од 21 метар.
Булеварот има средишно зеленило, а од двете страни има велосипедска патека со ширина од два метри и пешачка патека со ширина од три метри.