Насловна / Вести / Пуштен во употреба спортскиот центар „Јане Сандански“

Пуштен во употреба спортскиот центар „Јане Сандански“

KIR_0001
На локацијата на поранешната сала на МЗТ Скопје во општина Аеродром денеска беше пуштен во употреба нов спортски центар „Јане Сандански“. Инвестицијата во мултифункционалниот спортски комплекс во чиј состав е изграден и хотел „Русија“, изнесува 15 милиони евра, а ја реализира рускиот бизнисмен Сергеј Самсоненко преку јавно-приватно партнерство со општина Аердором.

KIR_0004
На пуштањето во употреба на централната сала со капацитет од 6.500 посетители и на хотелот присуствуваа премиерот Никола Груевски, инвеститорот Самсоненко, градоначалникот на општина Аеродром Ивица Коневски, генералниот менаџер на Спортскиот центар Надица Димовска и гереналниот менаџер на хотелот „Русија“ Дина Муцунска. Од безбедносен аспект оваа сала е најмодерната во Македонија.

KIR_0007
Во процесот на изградба на Спортскиот центар учествуваа над 60 македонски компании, пет странски од Русија, Србија и од Словенија. Ангажирани беа околу 1.600 работници.

KIR_0013
Покрај арената во СЦ „Јане Сандански“ отворени се и помошна спортска сала за кошарка и ракомет со капацитет од 1.000 посетители, како и конгресен центар. Дел од комплексот треба да бидат и тениски игралишта, фитнес и аеробик центар.

KIR_0012
Хотелот „Русија“ располага со 61 соба и апартмани, од кои еден претседателски апартман, шест „супериор“, 28 еднокреветни соби, 12 „твин“ и 14 „дабл“ соби. Хотелот ќе содржи спа центар и руф бар.

KIR_0032 KIR_0015 KIR_0016 KIR_0017 KIR_0020 KIR_0021 KIR_0024 KIR_0025 KIR_0026 KIR_0027 KIR_0029 KIR_0031

 

Еден коментар

  1. Убаво, ново.
    Има инвеститори, изведувачи, менаџери.
    Алооо, има ли проектант!!!!

Испрати коментар

Scroll To Top