Нов систем за осветлување на Милениумскиот Крст во Скопје, кој е еден од главните обележја на главниот град на Македонија, беше пуштен денеска во употреба.
Финансирањето на проектот и организацијата на работите беа реализирани од страна на компанијата „Балкан Енерџи Груп“, а значителни парични средства донираше и Леонид Лебедев, руски донатор и општествен деец. Вкупниот обем на спонзорската помош изнесува 198 илјади евра.
Kaрактеристични црти на новиот систем за осветлување се неговата висока енергетска ефикасност и економичност. Благодарение на современата опрема и технологии вкупната потрошувачка на електрична енергија на Милениумскиот Крст ќе се намали за 24 МВт/ч годишно, а енергетската заштеда на тој начин ќе изнесува околу 3.600 евра годишно. Трошоците за поправките како резултат на замената на старите светилки со светилки од нов тип ќе се намалат за 2.000 евра годишно. Годишните трошоци за техничкото одржување на комплексот за осветлување ќе се намалат за 1.500 евра. Вкупната годишна заштеда на парични средства неопходни за експлоатацијата на системот за осветлување ќе изнесува 7.100 евра. Рокот на експлоатација на новиот систем за осветлување ќе биде најмалку 15 години.
Новиот систем беше пуштен во употреба во присуство на претседателот на Република Македонија Ѓорги Иванов, амбасадорот на Руската Федерација во Македонија Олег Шчербак, членот на Советот на Федерацијата на Федералното Собрание на Руската Федерација Леонид Лебедев, градоначалникот на Скопје Коце Трајановски…
Членот на Советот на Федерацијата на Федералното Собрание на РФ Леонид Лебедев посочи дека Милениумскиот Крст е споменик од светско значење кој, како што рече, ги симболизира универзалните хуманистички вредности – толеранција и сочувство, милосрдност, мир и хармонија во општеството.