Пуштен во употреба новиот филтер за апсорбирање на штетни честички, поставен на инсенераторот за согорување на медицински отпад во депонијата „Дрисла“. Инсталирањето на филтерот е во согласност со препораките на Државниот инспекторат за животна средина, а ќе се користи се до поставувањето на новата печка.
Со цел намалување на загадувањето, направена е промена и на горивото на кое што досега работеше печката, односно мазутот е заменет со природен гас. Новата печка за медицински отпад, треба да пристигне во јуни.
Со новиот филтер се решава еден еколошки проблем, како за населените места околу депонијата, така и за Град Скопје, смета првиот човек на „Дрисла“.
Во однос на судскиот процес поврзан со партнерот на „Дрисла“, италијанската компанија „ФЦЛ Амбиенте“, Шилeгов истакна декa очекува што е можно побрза одлука од Управниот Суд, со цел продолжување со инвестициите за поквалитетно складирање на комуналниот отпад.
Инаку, новиот филтер на печката за отпад од медицинските установи има капацитет за прочистување на 2500 метри кубни на час и наместо на нафта, работи на гас.
Резултатите од мерењата во текот на пробниот период се позитивни, а гасот што излегува од филтерот е речиси целосно чист, соопштуваат од Дрисла. Депонијата во јануари заработи казна од 8.500 евра поради несоодветно функционирање на стариот филтер на печката.