Индис
киот премиер Нарендра Моди свечено го пушти во употреба најдолгиот сообраќаен тунел во Индија, „Ченани-Нашри”, чија изградба траеше шест години и чинеше 37,2 милијарди рупии (537 милиони евра).
Низ 11-километарскиот тунел минува автопат кој ги поврзува Кашмирската Долина со останатиот дел од Индија, објави телевизијата Ен-Ди-Ти-Ви.
– Овој тунел ќе биде од полза за земјоделците од Кашмирската Долина. Нивните производи нема повеќе да се расипуваат поради затворени патишта, рече на церемонијата индискиот премиер.