Насловна / Вести / Пуштен во сообраќај мостот „Свилај“ кој ги поврзува Хрватска и Босна и Херцеговина

Пуштен во сообраќај мостот „Свилај“ кој ги поврзува Хрватска и Босна и Херцеговина

Новиот мост на реката Сава, и најмодерниот граничен премин помеѓу Хрватска и Босна и Херцеговина кај Свилај, во четвртокот беше свечено пуштен во сообраќај. Мостот официјално го отвори претседателот на Европската Комисија, Ursula von der Leyen, а во присуство на премиерот на Хрватска, Андреј Пленковиќ и претседателот на советот на министри на БиХ, Зоран Tегелтија. На овој начин поврзан е автопатот на коридорот 5C од двете страни на Сава.

svilaj1

svilaj3

Изградбата на мостот е започната во 2016 година, а завршена во мај минатата година. Иако во јули 2020, мостот го помина и техничкиот преглед, неговото отворање за сообраќај се одложи, поради недовршените работи на пристапниот пат и царинскиот терминал. Мостот е долг 660, а широк 29 метри, со по три ленти во двете насоки. Станува збор за заедничка инвестиција на Хрватска и Босна и Херцеговина, во вкупна вредност од 23 милиони евра, при што двете држави учествуваат со по 50%. Како членка на ЕУ, Хрватска за својот дел искористила неповратни средства од ЕУ во висина од 58%.

svilaj2

Испрати коментар

Scroll To Top