Насловна / Вести / Пуштен во пробна работа нов блок на когенеративната ЕЛ – ТО „Загреб“

Пуштен во пробна работа нов блок на когенеративната ЕЛ – ТО „Загреб“

Новиот блок во состав на електраната – топлана (ЕЛ – ТО) „Загреб“, кој од страна на државната „ХЕП“ е најавен како најголема инвестиција на компанијата во нови капацитети за производство во последните 10 години, ќе ги замени веќе застарените блокови и ќе ги намали емисиите на јаглерод диоксид и азотни оксиди.

elto1

 

Новиот блок има гасна турбина во когенерациски режим на работа. Очекуваното просечно годишно производство е 675 GWh електрична енергија,  450 GWh топлинска енергија за далечинскиот систем за греење на Загреб, како и 160 GWh процесна пареа. Опремата за новиот блок е технологија на Siemens, а изведувач била италијанската компанија FATA. Вкупниот степен на ефикасност на овој блок е 90%. Проектот е во најголем дел финансиран од кредит обезбеден од ЕБОР и ЕИБ, со гаранции од Европскиот фонд за стратешки вложувања.

Испрати коментар

Scroll To Top