Вчера беше пушена за сообраќај делницата Штип – Крупиште во должина од 14.3 километри, која е дел од експресниот пат Штип – Кочани, информираа од Јавното претпријатие за државни патишта. Изведувачи на работите на делницата се АД „Гранит“ и АД „Бетон“.
Изградбата на новиот експресен пат на делница Штип – Кочани со должина 28.5 километри со 2 х 3.5 метри возни ленти, 2 х 2.0 метри ленти за принудно застанување и 2 х 0.2 метри рабни ленти, вкупен профил на патот 11.40 метри е во тек.
Овој експресен пат е финасиран од ЕБОР, а вредноста на договорот изнесува 20.24 милиони евра. Што се однесува до делницата која ја гради кинески Синохидро од Крупиште до Кочани работите треба да се завршат во 2021 година.
Планираниот датум на завршување на работите на експресен пат на делница Штип – Кочани беше декември 2019 година.