Насловна / Архитектура / Пупинова Палата – Нови Сад

Пупинова Палата – Нови Сад

pupinova-palata-novi-sad3

Неодамна започна реализацијата на изведбените работи на ексклузивен деловно-станбен објект во центарот на Нови Сад. Проектиран како високо енергетски ефикасен простор за предвидени норми според LEED стандардот, дава можност за максимални заштеди во фиксните трошоци со идеални услови на комфор за идниот деловен простор. Под објектот се проектирани три нивоа гаражен простор со околу 400 паркинг места, кои ги задоволуваат потребите на објектот, но исто така ќе има и дел за јавен паркинг со цел да се олесни паркирањето во центарот на градот.

pupinova-palata-novi-sad2

При проектирањето на објектот се водело грижа за сите аспекти на заштита – еколошка, градежна, но и културолошка. Предвидено е обезбедување на соседните објекти со посебни градежни методи. Реставрирана е фасадата на банката Kommunalis со сите детали кои се исклесани од камен, а под надзор на Заводот за заштита на спомениците на културата на градот Нови Сад. Во консултација со Градската управа, посебно се обрнало внимание на културното наследство на Ерменската заедница, нивната црква и придружните споменици кои се наоѓаат долж парцелата за градба. Во таа смисла, обезбедена е целосна заштита на овие спомен обележја.

pupinova-palata-novi-sad1

Не е случајно што самиот проект е подготвуван подолго од една година, бидејќи проектантот навистина внимавал на секој детаљ – направени се бројни анализи, мислења од стручњаци од разни области, симулација на сообраќајот и сл., а со цел да се добие решение кое ќе ги задоволи сите аспекти и кое нема да го наруши централното јадро на градот.

pupinova-palata-novi-sad

Целта на инвеститорот е изградба на прв OFFICE SPACE од овој тип во Нови Сад, по угледот на најдобрите европски и светски деловни згради.

 

Испрати коментар

Scroll To Top