Насловна / Арт и дизајн / Pumpkin chair дизајнирана за Жорж Помпиду

Pumpkin chair дизајнирана за Жорж Помпиду

Иконичната Pumpkin chair на францускиот дизајнер Pierre Paulin, дизајнирана во 1970-тите, повторно е произведена од компанијата за мебел Ligne Roset.

5

Pumpkin chair првично е дизајниран во 1971. година за приватниот стан на францускиот претседател Жорж Помпиду во Елисејската палата, откако државникот побара нетрадиционално реновирање што ќе ја заживее дизајнерската индустрија во земјата.

1

Фотелјата – која се карактеризира со нејзната заоблена форма создадена од профилирани ленти од дрво обвиткани во пена, кои потсетуваат на обликот на тиква – станала ѕвезда на опремувањето.

2

Иако оригиналите фотелји се ретки, француската компанија Ligne Roset произведува реиздадена верзија од 2008 година и вели дека нејзината органска, кружна форма ја прави „врвно искуство за одмарање“.

3

„Примамлива за окото со заоблените контури и изразена особеност, повикува да потонете во неа и да се задржите“, велат Ligne Roset.

Серијата Pumpkin на брендот вклучува ротирачка фотелја, љубовно седиште, софа и отоман. Мебелот е достапен тапациран со ткаенина или кожа, со волна во боја која се смета за идеална за нејзината разиграна форма.

4

Испрати коментар

Scroll To Top