Насловна / Вести / Пулејкова и Мана добитници на наградата на 11. Биенале на млади уметници на МСУ

Пулејкова и Мана добитници на наградата на 11. Биенале на млади уметници на МСУ

msu bienale na mladi (2)

Музејот на современа уметност Скопје додели награда за најуспешен автор и дело, презентирано на 11. Биенале на млади уметници, кое беше отворено минатиот месец во НУ Мала станица во Скопје.

Наградата за самостојна изложба, како дел од Програмата на Музејот за 2016 година, е доделена на двајца учесници – еден македонски и еден странски уметник.

Според одлуката на жирито, остварувањата на Кристина Пулејкова од Македонија и Џумана Мана од Германија се најубедливи достигнувања, иако на изложбата имало и повеќе дела со високи вредности.

Пулејкова на Биеналето се претстави со анимираното видео „Капсула“ коешто ја истражува субјективната перцепција на времето, додека Мана се претстави со делото „Скици за етикецијата“ кое се однесува на последниот маскенбал во Палестина.

Авторите ќе ја реализираат наградата со средства што ќе бидат одобрени од Министерство за култура на Република Македонија, со програмата за работа на НУ МСУ за 2016 година.

Испрати коментар

Scroll To Top