Насловна / Вести / Пула добитник на меѓународното признание „Пријател на морето“

Пула добитник на меѓународното признание „Пријател на морето“

Напорите и иницијативите на хрватскиот приморски град Пула да ја зачува животната средина и живиот свет во морето, добија признание од глобалниот проект „Пријател на морето“ (Friend of the Sea). Имено, Пула е првиот добитник во светот на наградата Friend of the Sea Sustainable City Award, која ја доделува Светската организација за одржливост (World Sustainability Organization – WSO) во насока на промоција на одржливи пректики и заштита на морските екосистеми. Со оваа награда се истакнуваат напорите на Пула да ја заштити животната средина и да го подобри квалитетот на живот на своите граѓани со усвојување и примена на одржливи решенија.

pula1

Пула исто така е вброена меѓу 100 најодржливи дестинации во светот, што е резултат на соработката со сите засегнати страни, а посебно со еколошки освестените компании, поединци и здруженија посветени на одржливоста. Иницијативите кои Пула досега ги реализирала, вклучуваат воспоставување и постојанои унапредување на системот за управување со отпад, примена на зелен модел на собирање на дождовницата, како и воведување еколошки автобуси во јавниот превоз. Градот исто така планира да кофинансира инсталирање на фотонапонски и соларни термални ситеми. Во јуни оваа година, градскиот аквариум во Пула добил сертификат за одржливост од проектот „Пријател на морето“ за својот придонес во промовирањето на еколошки практики и заштита на животните.

pula2

Испрати коментар

Scroll To Top