Фирма со седиште во Минхен, специјализирана во производство на светлечки тела и уреди кои повеќе личат на уметнички инсталации.
„Мики Маус“
Меѓу нивните бројни необични модели, овој пат ќе ги издвоиме „Инго Мауер“ светилките инспирирани од класичниот облик на сијалицата.
Се разбира, во прашање е современа ЛЕД светилка, на којашто се додадени необични детали, како што се инсекти, крилја како птици или минијатурни човечки фигури со кои се создава визуелен трик дека сијалицата е огромна.
Мува слета на сијалица. Или можеби не?
„Инго Мауер“ осветлувањето е многу скапо и за нарачка се чека понекогаш и до шест месеци.
Лустерот Birdie нема да остави никого рамнодушен.