Насловна / Вести / Првпат во историјата запрен е порастот на штетни гасови

Првпат во историјата запрен е порастот на штетни гасови

Termocentrala vo GB

Емисијата на штетни гасови минатата година стагнира. Првпат во последните 40 години не е забележан раст на испуштање на јаглерод диоксид во атмосферата во година кога во светот немаше поголема економска криза.

– Количината на јаглерод диоксид испуштен во атмосферата во 2014 година изнесува 32 гигатони, исто како и годината претходно. Сепак, тоа не е причина да станеме невнимателни и важно е и понатаму се да правиме да се намали загадувањето на атмосферата, – соопшти Светската енергетска агенција.

Стагнацијата на испуштање на CО2 експертите го објаснуваат со промена на видот на енергија што го користат Кина и земјите на Организацијата за економска соработка и развој.

Испрати коментар

Scroll To Top