Насловна / Архитектура / Првото Metaverse Architecture Biennale ќе се одржи во септември

Првото Metaverse Architecture Biennale ќе се одржи во септември

Архитектонското биенале Metaverse Architecture Biennale (MAB) ќе се одржи од 21 до 24 септември 2023 година.

Тематизиран како присуство на иднината, настанот ќе ги собере врвните креатори ширум светот за да го манифестираат значењето на архитектурата и дизајнот во преобликувањето на Web3 и Metaverse како моќни платформи за бизнис и култура.

м2

Инспириран од Венецианското биенале и изложба, МАВ прикажува виртуелни павилјони и светови создадени од архитекти кои се дел од авангардата на дигиталниот дизајн со имиња како што се: Killa Design, LAVA, PLP, ATRIUM, Soomeen Hahm, Spaces DAO, DA!, Il Prisma, SA lab, iheartblob, Mariana Cabugueira Studios, Illusorr, Drew Gilbert, плус петнаесет водечки дизајнери избрани преку отворен повик.

м3

Decentraland и W3rlds, две истакнати метаверз платформи, ќе послужат како места на одржување, создавајќи импресивно искуство за посетителите. Присутните ќе имаат можност да се телепортираат меѓу овие два света, да истражуваат виртуелни павилјони, да се вклучат во интерактивни изложби и да се поврзат со глобалната заедница на креатори. Овој онлајн настан ќе биде бесплатен и отворен за сите, а за влез на платформите ќе биде потребен само компјутер.

Првото Metaverse Architecture Biennale е визионерска иницијатива која ќе послужи како платформа за претставување на иновативниот потенцијал на метаверз и истражување на неговото влијание врз различните индустрии. Во текот на четири дена, учесниците ќе имаат можност да се вклучат со виртуелни павилјони создадени од врвни дизајнери, да присуствуваат на интересни разговори и перформанси и да откријат напредни решенија за компаниите во метаверз.

м1

Покрај „изградената“ средина на Биеналето, посетителите ќе имаатможност да учествуваат во културно – забавни настани, предавања и трибин, Карневал на архитектура и друго. Прецизната програма ќе биде објавена неколку дена пред настанот и ќе вклучува експерти од архитектура, метаверз, дизајн и маркетинг.

„Наша цел е да ја редефинираме улогата на архитектурата и дизајнот во обликувањето на иднината на метаверзумот. Навистина веруваме дека архитектурата ќеигра важна учога во создавањето на метаверз, како што графичкиот дизајн одигра во обликувањето на интернетот што го користиме денес“, вели Сергеј Надточиј, коорганизатор и кустос на МАВ.

„Овој настан не само што ќе ја прикаже извонредната креативност на нашата глобална заедница, туку ќе послужи и како платформа за истражување на неограничените можности што метаверзумот ги нуди на бизнисите ширум светот“, додаде Ирина Дубовик, коорганизатор на MAB.

м4

Со повеќе од 50.000 очекувани посетители, 10 големи компании и отворен повик за додела на награди, овој настан претставува единствена прилика да се придонесе на Web3 технологиите и да се изложи на глобалната публика.

Организаторите ветуваат дека ќе направат различни активирања пред настанот за да ѝ овозможат на публиката повеќе да се запознае со метаверз платформи, Web3 технологиите и темите на виртуелната архитектура и дизајн.

Следете ги новостите за настанот на нивната веб-страница и на социјалните мрежи за да дознаете повеќе за можностите за партнерство и регистрација за настанот.

Испрати коментар

Scroll To Top