Насловна / Архитектура / Прво светско спомен обележје посветено на жртвите од Ковид-19

Прво светско спомен обележје посветено на жртвите од Ковид-19

Архитектонското биро Gomez Platero од Уругвај го проектирало првиот споменик во чест на оние кои се погодени од вирусот Ковид-19. Споменикот се наоѓа во Уругвај, а неговата експресија влева надеж во неизвесното време. Како прв најголем споменик во светот на жртвите од пандемијата на коронавирусот, има за цел да биде простор кој пружа утеха, но да биде и место каде ќе се преиспита нашата еколошка свест.

3_resize

Спомен обележјето ќе биде сместено на работ на градскиот брег, достапно само пеш со долга прошетка. Во средина на платформата е отворената празнина, која гледа во океанот под нејзе, им овозможува на луѓето да ја набљудуваат природата.

5_resize

Големата, кружна структура ќе послужи како „сетилно искуство кое го премостува јазот помеѓу урбаниот и природниот свет, создавајќи идеално опкружување за интроспекција“.

Објектот е проектиран така што е овозможено голем процент од зградата да се префабрикува и потоа да се инсталира на лице место, со што се минимизира влијанието врз природната средина.

1_resize

Директорот и водечки архитект Martin Gomez Platero напомена дека „Архитектурата е моќна алатка за трансформација на светот. Пред се, тоа е колективна и историска реалност, составена од мали фрагменти кои преживуваат со текот на времето и стануваат култура. Тоа е начин да покажеме кои сме на оваа планета. И спомениците ги обележуваат нашите заеднички културни и емотивни пресвртници. Создавајќи меморија способна да ги активира сетилата и спомените на овој начин, можеме да ги потсетиме посетителите – како што тоа го прави пандемијата – дека ние луѓето сме подредени на природата, а не обратно“.

6_resize

Максималниот капацитет на споменобележјето е 300 посетители во ист момент, како реферренца за моменталните насоки за социјално дистанцирање.

Како што велат авторите во моментов во тек се разговори со уругвајската влада за избор на конкретна локација. Се проценува дека за изградбата на „Светскиот меморијал на пандемијата“ ќе бидат потребни шест месеци.

4_resize

Испрати коментар

Scroll To Top