Полското архитектонско студио 8+8 Concept Studio ги објави плановите за првото подводно тениско игралиште, кое треба да се изгради во Дубаи.
Овој радикален предлог е критикуван од страна на голем број инженери во врска со неговата остварливост. Поради тоа, 8+8 Concept Studio предлага целата структура да се покрие со квалитетно стакло, додека ваквиот предлог ги става на тест производителите на стакло, дали може да се создаде производ со доволна дебелина и издржливост на ударите и производ кој ќе овозможи доволно дневна светлина во внатрешниот простор.