Иновативниот концепт на новата ботаничка градина Bold, во Оман која ќе биде најголема во светот, неодамна беше претставен на јавноста. Соработката помеѓу Arup, Grimshaw, и Haley Sharpe Design обезбедува прекрасна симбиоза помеѓу архитектурата, инженерството и животната средина на простор од над 420 хектари.
Ботаничката градина ќе ја слави ботаничката разновидност на Оман, вклучувајќи извонредни примероци на ендемична флора. Во рамките на комплексот предвидени се и центри за едукација и истражување. Ќе биде имплементиран најефикасен систем за наводнување, максимално ќе се искористи ориентацијата на објектот со цел оптимирање на природното осветлување, како и други одржливи решенија кои заедно ќе допринесат објектот да го постигне светски признатиот LEED стандард за ефикасна градба.
Ботаничката градина ќе им овозможи на посетителите да се запознаат со флората на Султанатот Оман низ само неколку часа, но без сомнение таа ќе стане популарна дестинација и за локалното население и за туристите. Почетокот на изградбата се очекува да стартува веднаш.