Насловна / Арт и дизајн / Првите геодетски куполи од биокерамика: Градби отпорни на оган, земјотреси и поплави

Првите геодетски куполи од биокерамика: Градби отпорни на оган, земјотреси и поплави

Градбата на геодетските куполи е се поголем хит во светот. Овие градби кои изгледаат како да излегле од научно – фантастичните филмови, обично се состојат од метална конструкција прекриена со издржлива пластика. Стартап компанијата Geoship ја направи и ја постави првата геодетска купола од биокерамика која ја комбинира новата технологија на изработка со постоечките материјали, со она што Американскиот институт на архитекти го нарекува „најефикасен геометриски облик“. Технологијата на изработка на керамичките геодетски куполи им обезбедува на корисниците дом со век на траење од 500 години.

biokeramika1

biokeramika2

 

Биокерамиката има крута молекуларна структура слична на полимерите и издржливост поголема од бетонот, па објектите градени со тој нов материјал се отпорни на оган, земјотреси, урагани и поплави. Можат да се прилагодуваат на индивидуалните желби, 100% се нетоксични и јаглеродно неутрални. Компанијата Geoship верува дека нивните биокерамички геодетски куполи може да го решат проблемот со недостаток на расположиви и ценовно прифатливи домови во САД, но и во остатокот од светот.

biokeramika3

Куполите се достапни за преднарачка по цена од 30.000 американски долари за основниот модел, до 100.000 долари за објектот со големина на семејна куќа. Geoship се надева дека нивните геодетски куполи не претставуваат само одржлива и подобрена опција за домување, туку и можност за креирање на нови еколошки заедници во иднина.

biokeramika4

Испрати коментар

Scroll To Top