Новото партнерство на Audi и познатата кинеска компанија, наскоро ќе ги даде првите резултати. Првиот 100% електричен модел ќе излезе на пазарот веќе следната година, со цел зголеување на продажбата на автомобилите од германскиот бренд во Кина. Дури и најголемите европски брендови не можат да го следат темпото на развој на кинеските компании, па соочени со таквата ситуација тие потпишуваат соработка со локални компании.
Кина моментално има хегемонија на светскиот пазар и нема изгледи нејзината доминација да се намали. Кина доминира и во производството и развојот и во технологијата за овие производи. Кинезите се способни да ги скратат роковите на неверојатен начин. Тоа што во Европа може да трае со години, во Кина е прашање на месеци.
Се очекува првиот модел од партнерството помеѓу Audi и SAIC, да излезе на пазарот следната година. Но, на овој модел нема да се наоѓа познатото лого со четири прстени и ќе се наоѓа во продажба само во Кина. Моменталната улога на Audi во Кина е речиси симболична. Во 2023 година, продадени се вкупно 31.000 автомобили, додека кинескиот BYD околу 3 милиони возила.