Вработени во лабараторијата Vittori и група дизајнери од НАСА формираа тим кој го дизајнираше AirTrain. Тие ја користат патентираната технологија на НАСА за подобрување на квалитетот на воздухот и додаваат одредени растенија кои апсорбираат карбон диоксид, а ослободуваат кислород. Овие растенија овозможуваат продирање на транспарентна сончева светлина, се наводнуваат преку дождовна вода и придонесуваат за подобар изглед на просторот, како во внатрешноста на кабините од возот така и од надворешноста. Со ваквиот дизајн се прават обиди да се докаже дека јавниот транспорт може да биде удобен и истовремено да го намали нивото на јаглерод диоксид.