Во Германија како дел од проектот „Digital S-Bahn Hamburg“, германската компанија Deutsche Bahn и Siemens Mobility го направија првиот автоматски воз во светот без возач.
Возот го имаше првото возење за време на Светскиот конгрес за интелигентни транспортни системи во Хамбург. Проектот „Digital S-Bahn Hamburg“ чинеше шеесет милиони евра, а покрај споменатите компании, дел од парите ги инвестираше и градот Хамбург.
Новиот автоматски воз во Хамбург е првиот целосно автоматизиран воз што може безбедно да ја користи постојната железничка инфраструктура покрај стандардните возови со екипаж.
Компанијата Siemens тврди дека новиот воз е поефикасен поради употребата на вештачка интелигенција, што овозможува строго следење на распоредот, а барањата на патниците се исполнуваат поефикасно.
Иако возовите ќе бидат целосно автоматизирани, човекот сепак ќе биде присутен од безбедносни причини секогаш кога има патници. Маневри како вртење ќе се изведуваат автоматски без потреба од човечко присуство.
Железничкиот сообраќај е „почист“ и посигурен начин на патување, а емисијата на штетно зрачење е помала за околу 80 отсто од патниот сообраќај.