И Босна и Херцеговина наскоро ќе се вброи меѓу државите од регионот кои имаат свои ветерни централи. Ветерниот парк во БиХ ќе биде сместен во близина на Томиславград и се вика ВЕ Месиховина. Инвестицијата вреди 81 милиони евра, а во тек се градежните работи, односно изработката на фундаментите за ветерните турбини. Исто така се врши и транспорт на целокупната електромашинска опрема за турбоагрегатите. Планирано е да се постават 22 турбини кои ќе сочинуваат вкупно инсталирана моќност од 50,6 MW, односно годишно производство од околу 165GWh електрична енергија.
Комплетното завршување на изведбата е планирано за крајот на 2017.