Насловна / Вести / Првиот турски соларен автобус во Истанбул

Првиот турски соларен автобус во Истанбул

Solaren avtobus turcija2

Турската компанија за јавен превоз (IETT) го претстави првиот турски соларен автобус на конференцијата за новинари која се одржа на 19ти август. Компанијата свечено го презентираше ова пилот возило и ги претстави своите планови з апуштање во употреба на уште неколку соларни автобуси. Покривот на автобусот е прекриен со 15 соларни панели, кои произведуваат електрична енергија меѓу другото и за информативните панели, камерите, звучниците и електронските читачи на билетите.

Solaren avtobus turcija

Возилото не може во целост да обезбеди енергија за полнење на батериите за сопствен погон, па затоа останува и бензинот како алтернатива и дополна.  Овој проект има за цел намалување на емисиите на јаглерод диоксид во градот. Претходно, во октомври 2014 компанијата претстави уште еден модел на еколошко возило, односно автобус со зелен покрив. Долгорочната цел се разбира е воведување на одржлив јавен транспорт.

 

 

h

Испрати коментар

Scroll To Top