Насловна / Вести / Првиот тунел во светот целосно изграден од роботи (ВИДЕО)

Првиот тунел во светот целосно изграден од роботи (ВИДЕО)

Британската технолошка компанија hyperTunnel го откри во својот истражувачки проект во јужна Англија првиот тунел во светот целосно изграден од роботи.

Новиот автоматизиран метод на градба на hyperTunnel е проектиран да гради тунели повеќе од 10 пати побрзо и половина поевтино од конвенционалната технологија.

МЕТОДА НА 3Д ПЕЧАТЕЊЕ

Користејќи метода на дигитален близнак, флота на хиперботови го дупчат тунелот, а потоа влегуваат роботи кои ја прават лушпата на тунелот од бетон користејќи се со метода на 3Д печатење.

Шест метри долг, два метри висок и два метри широк пешачкиот тунел се вика Peak XV.

1_resize

Дејвид Кастло, технички директор за рударство и тунели во Network Rail, изјави за порталот Construcion Enquirer: „Сакаме да ги намалиме пречките за нашите патници, така што постојано бараме нови пристапи за проширување или поправки на тунелите што го намалуваат времето на затворање на тунелот за сообраќај. Peak XV нè поместува чекор поблиску до таа цел и што е најважно, со метода која го намалува ризикот за безбедноста на работната сила“, додава.

2_resize

ОГРОМЕН ЧЕКОР ЗА ЦЕЛАТА ИНДУСТРИЈА

Стив Џордан, коизвршен директор и коосновач на hyperTunnel,изјави: „Откривањето на нашиот прв голем демонстративен тунел е огромен чекор, не само за hyperTunnel, туку и за индустријата за градење тунели и градежната индустрија воопшто, кои со нетрпение очекуваат да го користат нашиот пристап, според потребите, во нивните глобални проекти“.

3_resize

„Додека користењето роботи исклучиво за изградба на подземни структури е драматично различно, технологиите што ги користиме – како што се дигиталните близнаци, роботиката, 3Д печатењето и дигиталното подземно геодетско истражување, поддржани од вештачка интелигенција AI и VR – сите добро се покажаа во другите индустрии. Всушност, in-situ методата на hyperTunnel првенствено го има предвид намалувањето на ризикот при изведување на градежните проекти“ – заклучи Џордан.

Испрати коментар

Scroll To Top