Минатиот викенд во белград, на саемот на 3D печатењето, прикажан е првиот печатач од српско производство кој според некои карактеристики подобар од сличните во светот, а дури два пати е поефтин. Станува збор за печатач, кој е од извонредно значење за модерната медицина. Со оваа техника може со извонредна прецизност да се печатат забни протези и мостови, делови од вештачки колкови и ‘рбетни пршлени, и уште многу нешта неопходни за современата медицина.
Се работи и на биопечатачи кои засега можат да печатат човечка кожа, а во иднина и цели органи за пресадување. Но, засега како и се друго што се наоѓа во експериментална фаза, 3D печатењето има ограничен опсег. Но, стручњаците уверуваат дека за само неколку години создавањето на органи за трансплантација со примена на оваа технологија ќе биде рутина, а со примена на разни печатачи ќе биде можно да се печати буквално се – од бисери до деловни згради.