Со цел да ги зајакне своите полициски сили, полицијата на Дубаи го „вработи“ REEM, првиот робот полицаец. Првиот полицаец робот во светот има задача да патролира низ моловите и туристичките атракции. Пред неколку дена, REEM се појави во Dubai Mall а граѓаните биле навистина љубопитни и изненадени. Роботот е опремен со автономен навигациски систем и екран на допир и може да се движи низ секаква околина. Висок е 1,65 м и се движи до 5 km/h. Опремен е со сензори за следење и препознавање и погонуван е со батерија која трае 8 часа. Освен во функција на безбедноста, овој робот има улога и на водич и логистичка алатка. Има мала вградена платформа со која може да транспортира помали товари. Создаден е од страна на мултинационалната компанија PAL Robotics, лоцирана во Барселона. Властите во Дубаи планираат да воведат 25% роботи полицајци до 2030 година. Што се однесува до лингвистичките способности, „полицаецот“ засега зборува само англиски и арапски, но наскоро во неговото CV ќе бидат надоградени и руски, кинески, француски и шпански.
Видео: