Холандската компанија MVRDV започна со реализација на Radio Tower & Hotel, зграда со мешовита намена, лоцирана на Менхетн, со површина од 28.000 квадратни. Објектот има 22 ката и проектиран е со намера да го рефлектира „живиот“ карактер на околината и да постави нaсоки за идниот развој. Попрецизно, зградата го зафаќа просторот каде Амстердам авенијата се сретнува со Washington Bridge кој ги спојува Менхетн и Бронкс. Radio Tower & Hotel претставува типична композиција на еден мал блок со асиметричен аранжман на отвори и тераси на покривите, вклучувајќи јасни и живи бои на фасадите инспирирани од шпанскиот кварт во близина. Објектот е планирано да биде комплетно завршен во 2021.