Насловна / Архитектура / Првиот параметарски парк на Балканот проектиран за Бања Лука (ВИДЕО)

Првиот параметарски парк на Балканот проектиран за Бања Лука (ВИДЕО)

На Меѓународниот конкурс за идејно пејзажно-урбанистичко-архитектонско решение за градскиот парк во Бања Лука, прва награда не е доделена, а една од двете втори награди ја доби проектот со шифра „ОО10110“ на архитектите од Србија, Федор Јуриќ, Огњен Граовац и Лука Бунчиќ.

2_resize

Наречено Точка на иднината, ова награденио конкурсно решение е специфично по тоа што е креирано со користење на најсовремени методи и алатки за проектирање паркови, а авторите објаснија на кој начин е спроведен нивниот сеопфатен пристап кон проектирањето.

Screenshot 2022-01-28 115231_resize

Алгоритми користени на два начина

Станува збор за пристап кој користи визуелно програмирање во Grasshopper и програмски јазик C#, ради креирање алгоритми врз основа на кои локацијата детално е анализирана. Собраните и обработените податоци се од клучно значење во одлучувањето во процесот на проектирање, наведуваат авторите.

Сеопфатен пристап кон проектирањето на паркот е спроведен на следниот начин: Релевантните податоци за проектантите се внесуваат како параметри, а се добиваат анализи кои служат како основа за информирано донесување одлуки.

3_resize

Алгоритми се користени за да се добијат различни видови на податоци

Алгоритмите се користени на два начина – прво за анализа на локацијата за брзи и сигурни проверки на голем број анализи, врз основа на кои се добиени податоци за падот на теренот, надморската височина, оддалеченоста до заштитеното зеленило, загадувањето со бучава, задржување и текот на дождовницата, инсолација и визури.

Во вториот чекор, внесени се претходно споменатите 7 критериуми во специфични алгоритми како параметри и со нивна помош предвидена е идеалната композиција на содржината за паркот.

Една од целите на проектот е да се подигне свеста за предностите и можностите што ги нуди употребата на алгоритми во однос на „традиционалното“ проектирање. Според авторите, главните предности се брзите и ефикасни проверки кои заштедуваат време, како и навременото донесување информирани одлуки во комплексно опкружување со голем број критериуми.

Поменатите можности се користени на овој проект со цел да се подигне еколошката свест и општествено одговорниот дизајн преку пет проектантски принципи:

  1. Да се прегрне и почитува природата
  2. Концепт заснован на затечените карактеристики на локацијата
  3. Јасен гест – едно големо семејство на содржини
  4. Интерактивен пејзаж
  5. Да се создаде симболична точка на развој

Граѓаните на Бања Лука во рамките на паркот на тој начин добиваат можност да престојуваат во богата зелена средина, но и простор за рекреација, едукација и различни културни активности на отворено. Дадената просторно-програмска содржина е поделена на 8 „биотопи“ – специфични содржински целини во рамките на паркот.

4_resize

Паркот е поделен на осум „биотопи“

Содржински целини

Првиот биотоп е претставен како Култура на отворено, а која вклучува простори за перформанс во форма на амфитеатри и различни отворени аудиториуми, изложбени галерии и платоа.

Од друга страна, содржини кои можат да поддржат поголеми собири планирани се со друг биотоп – Манифестациски плоштад и пикник зона, кој вклучува различни фестивалски и музички настани, натпревари од најразличен вид, но и неформални дружења со пикник.

1_resize

Третиот биотоп – Природни резервати – е наменет за зачувување на постојната флора и фауна, со намера природните задржувања да служат како локални извори на вода за планираните резерви, а во исто време естетски и еколошки да се вклопат во природната средина.

Низ резерватите минуваат издигнати дрвени патеки, за да не се вознемируваат природните текови на локацијата и на тој начин да се создаде попријатен амбиент за трчање и рекреација.

5_resize

Висока вегетација и вештачки ридови со дополнителна содржина може да се најдат во рамките на четвртиот биотоп – Заштита од бучава, со цел да се заштити локацијата од надворешна бучава. Дополнителните активности во овој интерактивен пејзаж вклучуваат паркинг за велосипеди, парк за кучиња, терени за екстремни спортови и урбани градини.

Петтиот биотоп – Игралиште, ги собира сите спортски активности на отворено, кои се наоѓаат длабоко во паркот, изолирани од издувните гасови, сообраќајот и потоа се врамени со зелени површини кои се проникнати со патеки.

6_resize

Непосредната близина на универзитетот и желбата да се промовира образование во природа го инспирираа создавањето на шестиот биотоп – Училници на отворено. Покрај неформалните собирања, тие можат да се користат и за изведување наставни и воннаставни активности во текот на пролетта и летото.

Screenshot 2022-01-28 115319_resize

Седмиот биотоп – Контакт со вода, се занимава и со задржување и собирање на дождовницата, но во форма на интерактивни водени површини. Во зависност од нивото на водата на реката Врбас, брегот на паркот е проектиран да формира амфитеатар во заливите ако нивото на водата е ниско или да биде водена површина ако е високо.

Screenshot 2022-01-28 115357_resize

Последниот, осми биотоп – Видиковец, вклучува видиковец од кој може да се видат локалните културно-историски објекти, но и да се види речиси целиот парк. Пристапот до видиковецот е овозможен од најпрометната сообраќајница, па веднаш по влегувањето во паркот е можно да се види целата панорама на градот и најважните репери (како што се Соборната црква и Парламентот на Република Српска).

7_resize

11_resize

Точка на иднината за културата на живот на отворено

Покрај тоа, кафулињата и рестораните, заедно со игралиштата за деца, се стратешки позиционирани за да обезбедат безбеден престој за сите посетители на паркот и да бидат лесно достапни за различни целини.

9_resize

„Парк од ваков тип и содржина и помага на Бања Лука да се позиционира како прогресивен град во регионот и значително го подобрува секојдневниот живот на граѓаните, како Точка на иднината во која ќе се зајакнува заедницата и ќе се поттикне културата на живот на отворено.“, велат авторите.

Испрати коментар

Scroll To Top