Во хотелот „Double Tree by HILTON“ во Скопје вчера и денес се одржува Првиот македонски конгрес за патишта .
Конгресот е во организација на Друштвото за патишта на Македонија (ДПМ), а во соработка со Градежниот факултет Скопје, ЈП за државни патишта, ЈП „Македонијапат“ и Комората на овластени архитекти и овластени инженери. Конгресот меѓудругото се организира и во чест на 70 години од основање на Градежниот факултет во Скопје и 50 години од основање на Друштвото за патишта на Република Македонија.
На конгресот има повеќе од 350 учесници, од кои преку 150 се од странство од 15 различни држави, а ќе се презентираат 70 научни труда.
Премиерот Заев кој вчера го отвори конгресот во своето обраќање истакна дека развиеноста и квалитетната патна инфраструктура се клучни фактори кои пресудно влијаат на економскиот развој и на компетитивноста на економијата на секоја земја, и дека секое искуство и знаење како до поквалитетни, безбедни и паметни патишта е добредојдено.
фото: КИРО ПОПОВ