Хотелот Henn-na со локација во местото Sasebo во Јапонија е првиот хотел во светот целосно управуван од технологијата, односно од роботи. Сопственикот на хотелот го заменил целиот работен персонал со роботи кои ќе ги пречекуваат гостите, ќе им го носат багажот и ќе ги чистат собите. Со ова, тој смета дека трошоците за работна сила се намалуваат.
Гостите во хотелот на рецепцијата најпрво ги пречекува робот со дизајн на жена или пак со дизајн на диносаурус, со што бизарноста на самата идеја е доведена до максимум.