Насловна / Вести / Првиот Фолксваген „голф“ го слави својот 50-ти роденден

Првиот Фолксваген „голф“ го слави својот 50-ти роденден

Најпродаваниот автомобил на Фолксваген на сите времиња и најпопуларниот автомобил во Европа, особено во поранешна Југославија, наполни 50 години.

01

Во 1974 година, на 29 март, започна сериското производство на „голф“ Мк1 во фабриката во Волфсбург. Оттогаш, продадени се повеќе од 37 милиони автомобили. Ако сакате да направите математика, над две илјади луѓе купувале по еден секој ден во изминатиот половина век.

02

Замена за „буба“ прво се појавила во доцните 1960-ти кога „Порше“ го развил прототипот EA 266. Произведени се преку 50 автомобили, но проектот на крајот е откажан во октомври 1971 година.

Отприлика во исто време, EA 276 е проектиран дома во Волфсбург со погон на предните тркала и преден мотор. Направен е само еден примерок, но и тој прототип не бил целосно функционален. Проектот EA 276 исто така е напуштен бидејќи технологијата на моторот била веќе застарена за возило што требало да биде глобален производ.

03

Прототип ЕА 276 и „голф“ Мк 1

Првиот „голф“ пред „голф“ бил EA 337, дизајниран од никој друг туку од Џорџето Џуџаро од „Италдизајн“.

Производниот модел преминал од квадратни на кружни фарови, додека трепкачите биле преместени од калниците на предниот браник. Покрај тоа кваките на вратите на „голф“ Mк1 излегуваат од каросеријата, додека кај EA 337 кваките се во рамнина со каросеријата. Предното стакло на „голфот“ не е рамно како на прототипот.

04

EA 337, оригиналниот дизајн на Џуџаро на идниот „голф“

Џуџаро сакал правоаголните фарови да влезат во серискиот модел и да ги одразат задните светла во однос на големината и распоредот. Сепак, „Фолксваген“ одлучил да оди со кружни светла бидејќи тие биле поевтини за производство.

Дизајнерот се сеќава дека „Фолксваген“ побарал од него „да дизајнира наследник на „бубата“. И дека ќе бидат задоволни ако „внатрешниот простор е приближно ист како оној на ‘бубата’“.

05

Иако Џуџаро дизајнирал сè, од BMW M1 до Lotus Esprit, во една прилика изјавил: „Голф“ е најважниот автомобил во мојата кариера“. Во 2008 година, кога го прослави својот 70-ти роденден, легендарниот дизајнер на автомобили рече дека успехот на оригиналниот ФВ „голф“ му „отворил многу врати“.

Што се однесува до името на автомобилот, „голф“ доаѓа од германскиот збор Golfstrom – океанска струја. И по половина век „Фолксваген“ сè уште го користи истото име за осмата генерација на својот компактен автомобил.

06

Испрати коментар

Scroll To Top