Во месец јуни оваа година во Софија, Бугарија, се отвора првиот детски музеј и научен центар „Muzeiko Museum“, кој е проектиран според најновите одржливи стратегии за енергетски ефикасен објект. Вкупната површина на објектот е 3.250 метри квадратни, а во неговата програма се вкучени соларни панели, геотермална енергија, природна дневна светлина, ЛЕД тела и други енергетски ефикасни технологии кои треба да им овозможат на децата да уживаат во овој простор, истовремено учејќи за роботиката, електрониката, работата со дрво и 3Д принтот.
Проектот е овозможен од фондацијата „Америка за Бугарија“ со седиште во Софија и има за цел да создаде уникатен простор каде што децата може да се запознаат со науката. Проектот е дизајниран од страна на Lee H. Skolnick Architecture + Design Partnership кои соработуваа со бугарското архитектонско студио A&A Architects и локални инженери.